Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не очекува самитот на ЕУ следната недела да го отвори патот за неговата земја да ги започне преговорите за членство во ЕУ, обвинувајќи ја Бугарија, објави денеска Политико, пренесоа албанските медиуми.
Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела ја посети Бугарија во обид да ја прекине блокадата на Софија пред претстојниот самит во Брисел в четврток и петок.
Во интервју за Политико, Рама рече дека е песимист.
-Немам очекувања. Мислам дека ништо нема да се случи. Албанија и Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап – рече тој.
фото: Архива