Културен клуб на македонците во Бугарија ќе го носи името Никола Вапцаров

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград.

Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Тие очекуваат помош од македонските власти, а отворањето ќе биде или на Илиден или во септември.

„Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот, велат од ОМО Илинден.

 

Текстот во целост на faktor.mk