Отворање на манифестацијата ,,Меѓународен традиционален турнир во фудбал – Балкански надежи” – Охрид 2022 на главниот фудбалски терен на СРЦ ,,Билјанини Извори”.
Од мое лично име и од името на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид упатувам искрени честитки до организаторите, ФЦ ФК ,,Копенхаген” и сите учесници на турнирот во фудбал, напиша на својот ФБ профил советникот од ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиноски.
Во објавата Божиноски додава:
На настанот ќе продефилираат над 100 екипи од Македонија и останатите држави од Балканот што ќе донесе интересни и возбудливи натпревари од меѓународен карактер.
Турнирот е прераснат во традиција каде екипите се дружат меѓусебно, разменуваат искуства и имааат можност да ги измерат своите фудбалски способности.
Општина Охрид дава значаен придонес за развојот на спортскиот туризам во градот преку поддршка на спортските манифестации со цел поттикнување дружење на младите спортисти и развој на спортот кај младите категории, но и воопшто.
извор: ФБ Перчо Божиноски
фото: ФБ Перчо Божиноски