Мицкоски: Продолжуваме со активизмот, протестно лето, а потоа со блокади и на улиците, избори мора да има

Продолжуваме со нашиот активизам и во рамките на парламентот, институциите и низ улиците, ќе не гледате низ градовите и маалата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Анализа“ на телевизија 24.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека во периодот кој што следува ќе има протесно лето како што најавил и за време на протестот во саботата, односно како што рече тој ќе не гледате се почесто на улиците, пред институциите и маалата таму каде што цениме дека треба да го изразиме револтот заедно со граѓаните.

Во период кој што следи ќе имаме протестно лето. Тоа протестно лето и оваа активна блокада во парламентот ќе траат се додека тие се оперативни, нормално во рамките на парламентот. Потоа на есен имаме предвидено нов сет на чекори, така што ќе биде динамично и рековме дека одговорноста за сето ова ја има владата и Ковачевски, затоа што од самиот почеток ние се обидуваме да им наметнеме темпо на соработка, на разговор, на помош. Таа фрустрација нивна трае од локалните избори, после дебаклот и поразот на СДСМ, вели Мицкоски.

Ќе имаме протестно лето, активности во рамките на активната блокада во парламентот, тоа е она кое што во овој момент може прецизно да ви го кажам. Ќе не гледате на улиците, маалата, пред институциите, таму каде што цениме дека треба да го изразиме револтот заедно со граѓаните, истакна тој.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ