Петков: Оптимист сум

0
240

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека е оптимист за опстанокот на неговата Влада која се соочува со гласање на недоверба во Собранието. Тој при влегувањето во Собранието рече дека причината за таквото негово тврдење е затоа што луѓето кои ја поддржуваат бугарската влада го тераат да мисли така.

Гласањето за недоверба беше поднесено од ГЕРБ поради „неуспех во областа на јавните финансии и економската политика“ на Владата.

За да опстане владата на Кирил Петков мора да има 121 глас од 240. Расправата ќе се води денеска, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нејзиното завршување во среда навечер или четврток пред пладне.

извор: slobodnaevropa.mk

Фото: Архива