Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата, го менува затворскиот притвор од истражниот затвор „Шутка“ со куќен притвор. Одлуката денеска ја донесе Апелација, при што на Зеќири му е одземен и пасошот.
Зеќири речиси цел месец беше на болничко лекување на Инфективната клиника од каде ќе продолжи да ја издржува мерката притвор во домашни услови.
Во истражниот затвор „Шутка“ беше спроведен на 8 април. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.
фото: Архива