Наместо 19 ќе лежи 16 години – Апелација ја намали казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Апелацискиот суд ја намалил затворската казна од 19 години на Ангела Ѓорѓиевска, која е осудена за убиството на Пино Секондо, објави мајката на убиениот.

-Денес ја добив пресудата од судот Апелација на град Скопје за убиството на моето дете Пино. Една мајка на која и го убива детето не е задоволна никогаш, ќе бев задоволна ако ми го вратива детето назад живо и здраво. Не бев задоволна за два пати пресуда од 19 години и сега не сум задоволна. Јас тражам ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР за Ангела Ѓеоргиевска но сепак: Сакам да се заблагодарам на Првостепениот Суд од град Скопје. Сакам да се заблагодарам на Судот Апелација од град Скопје. Оваа пресуда од 16 години затвор за оваа девојка нема никогаш да ми го вратат Пино дома. Оваа девојка несмее никогаш слободна да се шета на земјава затоа што: Бидејќи никогаш не се покаја за убиството што го стори заедно со Али Фуркан може истото дело повторно да го стори и после некоја друга мајка да пати, да плаче и да се моли барем во сон да си го види синчето. Сепак сакам да кажам БЛАГОДАРАМ на Судството во Република Македонија, стои во објавата на Маја Трпковска.

Убиецот Али Фуркан со кого соработувала Анѓела е во бегство и се уште е недостапен за органите на прогонот.

фото: Курир.мк