АВМУ: Осуда за проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР, за време на протестите.

„Улогата на медиумските работници при известување од настани со големо општествено значење и висок ризик е да документираат и пренесат информации кои се од јавен интерес. Затоа особено е важно да им се овозможи безбеден и непречен пристап, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки.

Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се овозможи без закани и притисоци да ги извршуваат своите професионални активности – навремено и сеопфатно информирање на јавноста“ – велат од АВМУ.

извор: АВМУ