Американски млазен авион стациониран на носач на авиони се урна во море

Борбен авион „F-18/A“ стациониран на американскиот носач на авиони „Хари Труман“ во Средоземното Море се урна во морето поради силните ветрови, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение од 6-та команда на флотата на американската морнарица, се нагласува дека млазниот авион „F/A-18 Super Hornet“ на 8 јули поради силен ветер и дожд во Медитеранот се урнал во морето од носачот на авиони „Хари Труман“, на кој бил стациониран.

Се нагласува дека инцидентот се случил додека бродот се снабдувал со гориво на море.

Во соопштението се наведува дека е отворена истрага за инцидентот, но не се даваат повеќе детали за настанот.

Носачот на авиони „Труман“ е стационирана во Медитеранот од декември.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).