Невреме ја попречува потрагата по третиот Македонец, спасувачите планираат да постават и подводен дрон што ќе помогне во потрагата

Невреме на Халкидики ја отежнува спасувачката акција за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој во саботата попладне исчезна во водите на Егејското Море кај Посиди на Халкидики. Двајцата негови другари, Васил и Иван, се веќе пронајдени и се надвор од животна опасност.

Денеска на Халкиди се очекува да пристигне и семејството на Мартин од САД, јавуваат грчките медиуми.

Од утрово спасувачките екипи се борат и со невремето, силните ветришта се со јачина и до 7 бофори. Спасувачите планираат да постават и подводен дрон што значително ќе помогне во потрагата.

извор: Сител