Нова директорка на ,,Комуналец,, Скопје, на местото од Зуди Енузи чиј брат пукаше кај „Скендербег“

Косана Мазнева денеска е назначена за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.

Како што информираа од Град Скопје, Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Северна Македонија.

Високо образование има завршено на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а два мандата беше пратеник во Собранието.

 

 

sitel.mk