Иван, второ момче кое беше пронајдено по 19 часа поминати во Егејското море, на фејсбук побара сите кои се во можност да донираат за да се олесни товарот на семејството на Мартин.
Претходно денеска, шефот на спасувачкиот тим од ОКФАТ, Христос Рамос изјави дека вложуваат натчовечки напори за да се пронајде момчето, објави libertas.mk.
Две донаторски сметки се отворени за собирање средства за потрагата на 31-годишниот Мартин кој во саботата исчезна во водите на Егејското море, кај местото Посиди на Халкидики.
Иван, второ момче кое беше пронајдено по 19 часа поминати во вода, на социјалната мрежа фејсбук побара сите кои се во можност да донираат, за да се олесни товарот на семејството на Мартин.
„Јас, Иван, второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.“, напиша тој на фејсбук.
извор: libertas.mk.
фото:Архива