(ФОТО) Посвои напуштено куче, сега е дел од нејзиниот дом

Јелена Карлеуша познат е и по својата борба за правата на животните, а овој пат се покажа и на дело.

Имено, популарната пејачка со својот нов гест ги воодушеви своите бројни обожаватели и покажа колку е хумана.

Таа виде дека една организација спасила напуштено и запуштено куче, па одлучи да го земе во својот дом.

Таа на социјалните мрежи објасни дека кучето било отфрлено и исфрлено на улица, најдено во тешка состојба на депонија и во распадната фотелја. Добрите луѓе од организацијата го спасиле и објавиле фотографии, го потстрижиле, избањале, го излечиле кај ветеринар. И тогаш, како што самата Карлеуша вели, се јавила една чудна русокоса жена со желба да го посвои.

 

glamur.mk