Министерството за труд и социјална политика ги повикува Општините, Градот Скопје и Општините во градот Скопје да аплицираат на јавниот повик за обезбедување на средства за давање на социјални услуги, со цел да продолжи давањето на социјалните услуги воспоставени на локално ниво од страна на општините. Услугите се реализираат во соработка со лиценциран давател на услугата, со финансиска поддршка од министерството, а се однесува за ранливи групи на граѓани, за кои е утврдена потребата од одреден вид на услуга.
Со јавниот повик се обезбедуваат средства за општините со цел давање на социјалните услуги:
- Услуги во домот (лична асистенција и помош и нега во домот),
- Услуги во заедницата (дневен престој и индивидуален третман на лица со попреченост).
Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди средства за давање на социјални услуги од страна на општините во соработка со лиценциран давател на услугата, по цената на услугата утврдена со „Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за вон семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, советување и за одмена на ceмejнa грижа за 2022 година“.
Јавниот повик трае од денот на објавување(29.07.2022год.) до крајот на годината(31.12.2022год).
Целосниот повик може да го најдете на следниот линк.
извот: МТСП
фото: МТСП