Шестмина исчезнати по уривање на хеликоптер во Пакистан

0
210

Хеликоптер на пакистанската армија кој помага во операциите за помош при поплавите во провинцијата Балучистан изгубил контакт со контролата на воздушниот сообраќај, а меѓу шестмината исчезнати е и еден од главните воени команданти, потврди пакистанската армија.

Во соопштението се вели дека во екипажот бил и командантот на 12-тиот корпус, кој ги надгледувал операциите за помош на погодените од поплавите во Балучистан. Околностите за исчезнувањето на леталото не се прецизирани.

Командантот, генерал-полковник Сарфраз Али, е највисокиот воен функционер во регионот и еден од највисоките офицери во пакистанската армија.

– Локалната полиција, војската и службите за итни случаи го бараат хеликоптерот, изјави претставник на локалната полиција.

 

nezavisen.mk