Почина пред 60 години но нејзината смрт е сеуште мистерија

На денешен ден во 1962 во Холивуд умрела Мерилин Монро, северноамериканска филмска актерка.

Играла во филмовите “Џунгла на асфалтот”, “Нијагара”, “Мајмунска работа”, “Автобуска станица”, “Седум години верност” и други.

Родена била во Лос Ангелес, на 1 јуни 1926 година.

Таа беше и остана олицетворение на холивудската убавина и гламур, а за многумина ја претставува најубавата жена на светот. И покрај нејзиниот гламурозен живот, Мерлин страдаше од депресија, која на крајот ја уништи. Но, постојат бројни теории на заговор кои тврдат дека познатата ѕвезда била убиена.

Она што е познато е дека била пронајдена во нејзиниот дом, кој го купила шест месеци пред смртта, со телефон во раката и шише со апчиња за спиење на работ од креветот.

 

kurir.mk