Англиската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, организира фестивал кој моментно е во тек во Приштина, Косово, насловен „Sunny Hill Festival“. Властите на Косово го искористија нејзиниот престој во земјата да ѝ доделат важна титула – „почесен амбасадор на Косово“. Титулата ѝ ја врачи претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Инаку, Липа заедно со татко ѝ Дукаќин го организираат фестивалот „Sunny Hill Festival“ во Приштина, кој трае од 4 до 7 август.
Фестивалот, роден 2018 година, годинава се врати во полн сјај по принудниот прекин поради ковид пандемијата.
Покрај бројните големи музички имиња кои учествуваат на музичкиот фестивал (меѓу кои и Махмуд и Бланко, евровизиските претставници на Италија ова година), на бината настапи и самата таа, облечена во провокативно издание и „полудувајќи“ ја публиката.
ubavinaizdravje.mk