Починат маж пронајден во својот дом во Битола

0
307

Вчера во 22.00 часот на ул.„Јосиф Христовски“ во Битола, во неговиот дом е пронајден починат П.Л.(54).

Како што информира МВР, од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

СВР Битола работи на расчистување на настанот.

фото: Архива