Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информира СВР Охрид.
Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
извор: СВР Охрид