Се превртел камион кај Марвинци, повредени триесетина мигранти, возачот побегнал

Тешка сообраќајка се случила вечерва на патот Удово-Гевгелија. Според првичните информации на МИА, повредени се мигранти.

Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесетина биле, такви ни се првичните информации – велат од Брза помош Кавадарци.

Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската. Тоа за МИА го потврдија од двете служби на брза помош. Кавадаречката служба испратила едно болничко возило.

Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.

Од МВР, за МИА потврдуваат дека вечерва во 18:10 пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од с.Марвинци кон М1, рег.пат Гевгелија – Д.Капија.

Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално – велат од МВР.

извор: МИА