Семејството на актерката Ен Хеч изјавило дека „не се очекува таа да преживее“ по тешката несреќа која ја имаше откако со автомобилот влета во куќа, по што настана пожар.
За жал, поради нејзината несреќа, Ен Хеч се здоби со тешка аноксична повреда на мозокот и останува во кома, во критична состојба, стои во соопштението испратено во име на семејството на актерката.
Хеч (53) на 5 август го удри својот автомобил во дом во населбата Мар Виста во Лос Анџелес, при што возилото и помошна просторија на куќата се запалија. Таа никогаш не се освести откако итно беше пренесена во болница во критична состојба со изгореници, приклучена на апарати.
-Одамна е нејзин избор да ги донира своите органи и таа е задржана на апарати за одржување за да се утврди дали некои органи може да се донираат, продолжи семејната изјава.
Лос Анџелес Тајмс објави дека ѕвездата била под дејство на кокаин за време на несреќата.
извор: Република