Градоначалникот Пецаков на координативен состанок за изнаоѓање решение за одржување на пливчкиот маратон

0
256

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ќе одржи координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон. Тој вчера, по објавувањето на одлуката за неодржување на најстарата пливачка манифестација во земјата, со 60-годишна традиција, на социјалнмата мрежа Фејсбук реагираше на одлуката на Националната пливачка федерација.

– Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон – напиша Пецаков.

Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.

Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.