Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека водата во поплавените населени места во општина Долнени се повлекува, како и дека поголем дел од општината превентивно е без струја за да се заштитат жителите и мрежата за напојување со електрична енергија.
Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од противпожарната единица Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во село Лажани.
-До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани, соопшти ЦУК.
Инаку по обилните врнежи што вечерва го зафатија Тетово и околината има пријавено места кои се погодени од невремето каде има поплавено подруми, гаражи и ќуки, а исто така излеана е канализацијата од неколку шахти. Во моментов интервенираат ТППЕ Тетово. Патот кон с.Фалише кај надвозникот е поплавен е во прекин за движење. Исто така патот што води од стадион до Касарна е поплавен и е во прекин за движење. Поплавени се улицете 141, улица Фуштанска, улица Илинденска, улица 114, улица Мирче Ацев, улица 121.
Кризниот штаб е активиран, а вработени од ЈКП Тетово се на терен со 2 багери и интервенираат на каналот што поминува низ с.Мала Речица. СВР Тетово е на терен за нормализирање на сообраќајот.
Поројска река спрема Тетово -Јажинце е во ризик за излевање на водата. Од страна на општина Тетово е испратено багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово-Јажинце.