Канал 5: Бухова останува на чело на ДСЗИ

Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова останува и понатаму ја води институцијата.
Од Владата за Канал 5 информираат дека вчера воопшто немало точка за нејзина смена. Д-р Бухова за в.д. директора на инспекторатот е назначена во мај и таа продолжува да ја врши својата функција и понатаму, велат од Владата.

извор: Канал 5