Руската православна црква ја призна МПЦ-ОА како автокефална сестринска црква

Светиот Синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како автокефална сестринска црква.

„На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на неговата светост патријархот московски и на цела Русија – Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија (списание бр. 62)“ стои на сајтот на Руската православна црква.

Во соопштението се вели дека „Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква, Охридска архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот претседател, неговото блаженство архиепископот охридски и македонски Стефан, во светите диптиси“.

„Членовите на Синодот изразија надеж дека Македонската православна црква, Охридската архиепископија, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција. Учесниците на состанокот, исто така, одлучија да ги известат неговата светост патријарх српски Порфириј и неговото блаженство архиепископот охридски и македонски Стефан, за одлуката на Светиот Синод“ се вели во соопштението.

makfax.com