Повеќето делови од светот ќе бидат под контрола на „екстремни горештини“ до 2100 година, според најновата истражувачка студија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Проценките покажуваат дека тропските предели и суптропските предели, вклучувајќи го Индискиот Потконтинент, големи делови од Арапскиот Полуостров и Супсахарска Африка, до крајот на овој век ќе доживеат опасно високи температури повеќе денови во годината“, се вели во трудот објавен во весникот „Communications Earth and Environment“
„Ова веројатно ќе се случи дури и ако некако сме успешни во ограничувањето на глобалното затоплување на 2 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа“, предупредува студијата.
Во студијата се наведува дека регионите со средна географска ширина низ светот, во најмала рака, ќе искусат интензивни топлотни бранови секоја година.
Во американскиот град Чикаго, на пример, истражувачите предвидуваат 16-кратно зголемување на опасните топлотни бранови до крајот на векот.
„Екстремните горештини придонесуваат за хронични болести и се поврзани со редовни загуби на работното време на отворено и… имаат потенцијал да ја загрозат погодноста за живеење на големи делови од копнената површина на Земјата доколку не се намалат емисиите на стакленички гасови“, пишува во весникот.
„Најранливи на сериозни здравствени проблеми предизвикани од екстремните горештини се постарите, сиромашните и работниците на отворено“, се додава.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).