Православните христијани утре го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот започнува денеска попладне, со вечерна богослужба (17:30), а на полноќ ќе започне сеноќно бдеење.
На денот на празникот утре, Светата Божествена литургија ќе започне во 8 и 30 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
– Возљубени во Христа, Ве покануваме на Богослужбите во чест на Успението на Пресвета Богородица.
Ќе ни биде драго заедно со Вас, да и укажеме почит и благодарност на нашата Мајка и заштитничка Пресвета Богородица, која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, е пораката што ја упати сестринството од Манастирот.
И оваа година во дворот на манастирот, традиционално, ќе се одржи крводарителска акција.
skopjeinfo.mk