Неверојатни снимки доаѓаат од шпанската автономна област Каталонија, каде град со големина на тениско топче вчера направи вистински пустош. Бебе загинало, а повеќе од триесет луѓе се повредени во ужасното невреме кое го зафати градот Жирона и околината, јавуваат локалните медиуми.
Едногодишното девојче било погодено од парче мраз и пренесено во болница, каде подоцна им подлегнало на повредите. Една жена е задржана на лекување поради тежината на повредите.
Парчињата град што паѓале биле со дијаметар до десет сантиметри. Повеќето од повредените имаат повреди на главата и расекотини од мразот.
Оштетени се стотици покриви од куќи и други објекти, како и многу автомобили, а првичните проценки за материјалната штета се дека таа се мери во милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=6rL9Sp5fKIg&feature=emb_imp_woyt
slobodenpecat.mk