Најмалку две лица загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови откако избувна шумски пожар на подрачјето на Лос Анџелес во Калифорнија, која моментално страда од екстремни горештини.
Според првиот извештај на пожарникарите, едно лице е хоспитализирано со тешки изгореници.
Пожарникарите повикаа на евакуација на повеќе од 3.000 жители, а во исто време властите предупредуваат на можност од прекин на снабдувањето со електрична енергија.
Пожарот избувна во понеделникот во близина на градот Хемет, југоисточно од Лос Анџелес, и изгоре повеќе од 1.600 хектари. Изгореа неколку згради, а училиштата во областа беа затворени.
Пожарот „се прошири многу брзо, пред да пристигнат пожарникарите“, објасни на Твитер портпаролот на пожарникарите.
МИА