Раководството, членовите и симпатизерите на П.П. ДЕМОКРАТИ имаат задоволство да ве информираат дека заврши процесот на пререгистрација на политичката партија, согласно законските прописи за политички партии во Република Македонија, се вели во објавата на ФБ од Демократи.
Во продолжение на објавата се додава:
Во оваа прилика сакаме да ја искажеме благодарноста до сите поддржувачи на нашата програма кои ни‘ помогнаа со својот потпис да ја завршиме нашата законска обврска. Потписите за пререгистрација на политичката партија ДЕМОКРАТИ беа собрани во рекорден рок, со што ние добивме потврда за исправноста на нашите заложби за вистинска демократска Македонија, за борбата со криминалот во државава и за коренити промени во сите области на секојдневното живеење во Македонија. Од друга страна, тоа за нас претставува голема обврска да продолжиме да одговараме на барањата на нашето членство и нашите поддржувачи да ги застапуваме нивните интереси. ДЕМОКРАТИ продолжуваат да бараат и работат за воспоставување на функционален административен систем по мерка на секој од нас. Придружете ни‘ се во напорите да ја вратиме Македонија на колосек и да тргнеме кон препород на македонската држава.
извор: ФБ Демократи