После црковната церемонија која се случи во црквата Св. Јован Канео во Охрид на ден Голема Богородица, пејачката Викторија Лоба и нејзниот избраник Ѓорѓи Калешов викендов направија и свадбена забава.
Па така, откако си ги кажаа црковните завети, пред мал дел најблиски личности кои беа дел од церемонијата, тие не чекаа многу за да направат и свадбена забава за поголем број на гости во еден скопски ресторан.
Лоба по вторпат беше невеста, а како и на црковната венчавка, така и сега се одлучила за едноставен модел на невестински фустан во тесен корој, брановидна пуштена коса и минималистичка шминка кои ја истакннаа нејзината природна убавина. Младоженецот беше во елегантна и проверена варјанта.
Првиот танц го заиграа на песната „All od me“ на Џон Леџенд, немаа посебно подговтвени чекори, туку танцуваа како ги носеше ритамот и емоциите.
kurir.mk