Пророчицата стана позната во светот дури по нејзината смрт, поради исполнетото пророштво за терористичкиот напад на 11. септември 2001. година на кулите близначки во Њујорк.
Иако била неписмена, нејзините пророштва биле напишани од пријатели и роднини. Таа, наводно, дури и ја пророкувала нејзината смрт на 11. август 1996. година, Втората светска војна, а се верува дека дури и омразениот диктатор Адолф Хитлер дошол да ја посети, но тој разочаран ја напуштил нејзината куќа бидејќи таа го предвидела неславниот крај на војната.
Таа, наводно, предвидела многу други катастрофи, па дури и по смртта на Ванга многу луѓе се плашат од нејзините пророштвата. Таа ја предвидела и војната меѓу муслиманите и Европејците, дека во 2088. година ќе дојде нова болест, од која луѓето ќе почнат брзо да стареат, но во 2097. година таа болест ќе биде победена. Во втората половина на 21. век ќе владее комунизмот, а човечките органи ќе можат да се одгледуваат.
Ова се наводно нејзините предвидувања за 2022. година, меѓу кои ја предвидува и смртта на кралицата Елизабета втора.
– Напад врз Владимир Путин. Ванга предвидела напад на рускиот претседател, но тоа не значи и негов крај.
– Пад на метеорит. Таа го проценила судирот на голем метеорит со Земјата.
– Економска криза. Најпогодени од кризата ќе бидат земјите кои го имаат доларот како валута.
– Климатска промена. Таа предвиделаразлични климатски промени, а глобалното затоплување ќе претставува голема закана за флората и фауната следната година.
– Болеста на Доналд Трамп. Неговото здравје ќе биде полошо, а зборувала и за мистериозна болест со сериозни последици по неговото уво и мозок.
– Кралицата Елизабета. Според нејзините предвидувања, кралицата Елизабета Втора наводно ќе ја загуби битката за својот живот и ќе го остави тронот на својот син Чарлс.
– Бунт во Северна Кореја. Народот на Северна Кореја ќе се крене против лидерот Ким Џонг-ун.
kurir.mk