Откриено е дека одењето 10.000 чекори дневно и тоа брзо, има големи придобивки и може да помогне да се намали ризикот од деменција, срцеви заболувања, рак и смрт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во „Пејн енд лејкс“ (Pine and Lakes), студија на Универзитетот во Сиднеј и Универзитетот во Јужна Данска покажа дека придобивките од брзото одење ги надминуваат придобивките од едноставното броење само на чекорите.
Истражувачите ги анализирале податоците за активноста и здравјето на 78.500 возрасни лица во одреден период.
Истражувањето покажа дека оние кои одат побрзо имаат значително поголема корист од оние кои едноставно ги бројат само чекорите.
Одењето 10.000 чекори дневно и тоа брзо, има големи придобивки и може да помогне да се намали ризикот од деменција, срцеви заболувања, рак и смрт
Д-р Метју Ахмади од Универзитетот во Сиднеј истакна: „Лекцијата од истражувањето е дека за да се зачува здравјето, идеално, луѓето треба да имаат за цел да изодат 10.000 чекори дневно, и тоа брзо.“
Истражувањето е објавено во списанијата „ЏАМА Интернл медисин“ (JAMA Internal Medicine) и „ЏАМА Неуролоџи“ (JAMA Neurology).
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).