Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до крајот на денов и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог).
Во недела ќе дува силен северен ветер, што ќе услови значително намалување на дневната температура (за околу 10 степени), а од понеделник значително ќе се намали и утринската температура.
Центар за управување со кризи