Во заедничка акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за недозволена трговија со дрога при МВР, Царинската управа на РСМ, германската сојузна царинска служба ЦКА и германската БКА, со поддршка на „ИПА 2019 – Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“, пресечен е меѓународен канал за недозволена трговија со синтетички дроги. МВР соопшти дека со меѓународна полициска соработка веќе подолг период се водат истраги поврзани со недозволена трговија со синтетички дроги кои нарко дилерите во земјава ги набавуваат преку користење на интернет платформата „Даркнет“. „Преку директна комуникација и соработка на ОСОСК – ЕНТД со ЦКА и БКА од СР Германија и помеѓу ОЈО Скопје и Јавното обвинителство од Франкфурт – СР Германија е добиено сознание за поштенски пратки со наркотични дроги кои пристигаат во нашата држава, а за кои постојат основи на сомнение дека континуирано биле нарачувани и плаќани преку „Даркнет“ со криптовалути.
Радио Слободна Европа