Лондонските транспортни власти соопштија дека се подготвуваат за пристигнување на околу еден милион луѓе за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора.
Началникот на транспортната служба, Енди Бајфорд, рече дека од смртта на кралицата на 8 септември, „јавниот превоз во британската престолнина почна да опслужува огромен број нови патници, но утре се очекува максимумот“.
Во целата земја ќе се обезбедат 250 дополнителни услуги за патување долж железничката мрежа.
Според Питер Хенди, раководител на британската железничка компанија „Network Rail“, утре ќе се одржи „најголемата операција во јавниот превоз од Олимписките игри во 2012 година“.
Аеродромот „Хитроу“ наутро ќе откаже повеќе од 100 летови за да го спречи звукот на авионите кои прелетуваат да ја нарушат погребната служба во Вестминстерската палата, како и полагањето на ковчегот во гробот во замокот Виндзор.
Аеродромот во западен Лондон соопшти дека мерките ќе влијаат на 15 отсто од планираните 1.200 летови
фото: Архива