Експерт за авијација стана последниот висок руски функционер кој загинал во мистериозни околности.
Анатоли Герашченко, поранешниот шеф на Московскиот институт за авијација (МАИ), починал откако паднал во седиштето на оваа установа. Портпаролот на МАИ изјави дека смртта на 73-годишниот Герашченко е резултат на несреќа, додавајќи дека тоа претставува колосална загуба за МАИ и за научната и педагошката заедница, објави sdk.mk.
Повикувајќи се на неименуван извор, рускиот весник „Известија“ објави дека Герашченко паднал од голема височина и бил прогласен за мртов на самото место.
Герашченко ја поминал целата кариера во институтот кој има блиски врски со руското министерство за одбрана, а последно бил советник на сегашниот шеф. Тој исто така примил неколку високи признанија од руската влада.
Неговата смрт следува помалку од две недели откако при пад од брод во движење загина Иван Печорин, еден од главните луѓе на Путин за Арктик и Далечен Исток.
извор:sdk.mk.