Пожар во напуштена куќа, тетовските пожарникари го гаселе речиси цела ноќ

0
225

Тетовските пожарникари ноќеска четири часа гасеа пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“ во близина на Саат џамија. Нема повредени луѓе при пожарот.

Пожарот избувна во куќа во која никој не живеел и била напуштена и немаше повредени. Од наша страна е интервенирано по пријава во 02:55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 06.50 часот, информира Авни Амети, командант на тетовските пожарникари.

На пожарот работеле 12 пожарникари со четири возила.

фото: Република