Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во своите јавни настапи посочи дека Христијан Мицкоски имал детали кои не би смеел да ги има од сомнителниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица, се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение го пренесуваме истото во целост:
Со таквите тврдења, Арсовска имплицира на директна вмешаност на Мицкоски во спорниот тендер.
Затоа е важно, надлежните институции да го расчистат овој случај, да ги истражат сите аспекти и одговорните да се соочат со соодветни санкции.
Самата Арсовска, кандидатка и градоначалничка на Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е мрдната ниту милиметар од режимската и криминална матрица.
Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник Никола Груевски, нему му се важни само личните и бизнис интерсите на одредена група луѓе.
Тоа граѓаните го гледаат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ изгубија на последните предвремени избори, затоа секогаш ќе губат од граѓаните.
извор: СДСМ
фото: Архива