Историска мисија: НАСА успеа да удри во астероид, човештвото влезе во нова ера

НАСА доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид. Тоа беше историска мисија бидејќи беше „првиот планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар, така што астероидот скршна од својот пат.

Последните моменти пред судирот ги снимила камерата на леталото, а последната слика е направена две секунди пред ударот.

Судирот на Дарт со Диморфос речиси сигурно го променил текот на астероидот, земајќи ги предвид основните закони на физиката за зачувување на енергијата и моментумот. Ако орбитата на Диморфос околу поголемиот астероид Дидимос не се промени, тогаш Њутновите закони ќе бидат прекршени..

„Човештвото влезе во ново доба, доба во која потенцијално имаме способност да се заштитиме од опасностите што ги претставуваат астероидите. Прекрасно“, изјави една од шефовите на НАСА, Лори Глејз.

 

rs.n1info.com