Американската актерка Гвинет Полтроу позирала гола по повод својот 50-ти роденден.
На својот блог таа напишала дека сега започнува нова фаза од нејзиниот живот и дека „ги признала сите свои грешки и многу научила од тоа искуство“.
„Сакав да бидам гола и прекриена со злато. Се чувствувам толку добро откако наполнив 50 години. Со овие фотографии сакам да ја покажам својата енергија и оптимизмот“, вели Полтроу.
Пред извесно време, Гвинет со своите следбеници на социјалните мрежи споделила дека не забележува дека времето проаѓа.
„Моето тело е доказ за сè низ кое досега поминав. Мојата коса е седа. Сонцето ги остави своите „отпечатоци на прсти“ насекаде по мене. Ги прифатив своите брчки. Повеќе не чувствувам потреба да бидам совршена“, рекла актерката.
„На моите родители, 50-от роденден им изгледаше како пресметка со самите себе. За мајка ми тоа беше врвот на чудесното. Спој на раст, љубов и уметност. За мојот татко тоа беше врв на тагата“, истакнала Гвинет.
View this post on Instagram
foto Instagram