„Со љубов за Тоше“, 15 години од неговиот последен концерт на градски

По повод 15 години од последниот, незаборавен концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет и ветуваат незаборавен концерт на 5-ти октомври токму во неговото родно Крушево.

Имено, на 5 октомври Крушево првпат ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен куќа на Гумење во Крушево, со почеток во 19 часот. дел од Концертот и Ѕвезденото небо за Тоше ќе бидат: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.

Тие ќе настапат во придружба на Камерниот оркестар на Битола, под водството на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше.

 

flesh.mk