За тоа кој ќе го наследи накитот од колекцијата на неодамна починатата британска кралица Елизабета Втора, на големо се пишуваше и пред нејзината смрт.
Станува збор за една од највпечатливите колекции во светот: сите предмети во неа се многу вредни, а некои се навистина посебни.
Според магазинот Hello, познато е кој ќе наследи или поточно кој ќе смее да носи едно од најскапите парчиња од колекцијата на богатствата на кралицата – државната тиара на Џорџ IV, попозната како дијамантска дијадема.
Ќе го носи кралицата Консорт Камила.
Еден ден, кога принцот Вилијам ќе стане крал, тоа ќе може да се види на главата на неговата сопруга Кејт.
Тиарата е направена за кралот Џорџ IV од златарите Rundell & Bridge во 1820 година и чинела 8.216 фунти во тоа време.
Тесна лента од сребро и злато е обработена со бисери, а на неа се малтешки крстови и украси кои симболично ги претставуваат Англија, Ирска и Шкотска – рози, шамропи и трн. Круната е поставена со 1.333 дијаманти од 320 карати. Во центарот на предниот крст има и редок бледо жолт дијамант.
Денес, неговата вредност се проценува на близу 800.000 фунти и е една од најсимболичните круни во кралската колекција. Исто така, таа е една од најпознатите, иако ретко се гледа во јавноста.
kurir.mk