Федералното истражно биро (ФБИ) имало досие од 270 страници за покојната Арета Френклин, откако ја шпионирале 40 години.
Кралицата на соулот, која почина од рак во август 2018 година на 76-годишна возраст, била цел на надзор и на лажни телефонски повици, па дури имало и инфилтрирани шпиони во нејзиниот внатрешен круг, според документи до кои дојде магазинот „Ролинг стоун“.
Во долгото досие, кое е во голема мера преработено, има фрази како што се „црни екстремисти“, „прокомунистички“, „ја мрази Америка“, „радикално“, „расно насилство“ и „милитантна црнечка моќ“. Документот е исполнет со сомнеж за пејачката, нејзината работа, активистите и забавувачите со кои се дружела.
ФБИ редовно ги следел адресите и телефонските броеви на пејачката и се чини дека бил особено заинтересиран за нејзината работа за граѓански права и поврзаноста со Мартин Лутер Кинг Џуниор (MLK) и Анџела Дејвис.
Меѓу документите добиени од публикацијата – од кои некои се декласифицирани – има извештај од 1968 година за плановите за погреб на Мартин Лутер Кинг Јуниор, кој го опишале како „расна ситуација“.
Бирото не успеало во обидите да ја поврзе со Black Liberation Army и други таканаречени „радикални“ групи, со еден документ кој детално го опишува нејзиниот договор со „Атлантик рекордс“ во случај нејзините деловни зделки да се поврзани со Партијата на Црниот Пантер (БПП).
Синот на Арета, Кекалф Френклин, не е сигурен дали пејачката знаела дека е под надзор, но смета дека е губење време да се потрошат толку години следејќи го секој нејзин потег откако бирото не успеа да ја поврзе неговата мајка со било каков вид на екстремистичка активност.
24info.mk