Антониа Гиговска раскина со дечкото

Раскинаа пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“. Според информациите на „Убавина и здравје“, парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

Шпекулациите за нивниот раскин започнаа уште пред неколку месеци кога двајцата престанаа да споделуваат нивни заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи, но потоа двајцата сето тоа го демантираа летово со нивниот заеднички одмор во Турција.

Да, вистина е дека Иван и Антониа не се повеќе заедно. Но, она што е најважно што тие останаа во добри односи. Не верувам дека ќе се дружат и ќе пијат зеадно кафиња после се, но важно останаа во „ок“ односи, потврди нивни заеднички пријател за магазинот.

Точната причина за нивното раскинување засега не се познати, иако низ градските кулоари се шпекулираат разни приказни.

 

republika.mk