Ковачевски јавно призна дека се богатела неговата фирма преку трговија на влијание, кривично ќе одговара веднаш по ослободување на институциите, велат од ВМРО ДПМНЕ

Вечерва Димитар Ковачевски призна дека тргувал со влијание и кога бил во министерство за финансии неговата и компанија на неговиот кум добивале државна помош и државни тендери, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Евидентна е неговата претерана нервоза и страв од аферата каде е фатен жив како тргува со влијание и е креатор на злосторничко здружување тешко 26 милиони евра.

Антикорупциската комисија која делува како продолжена рака на дезертерот Ковачевски не може да го испере со паушална оценка која ја дава без претходна преставка.

Ковачевски не даде одговор за дезертерството од АРМ и неговата трајна неспособност. Но, затоа дознавме дека главната економска мерка на Владата е за непромена на летното со зимско сметање на времето, за што, како што рече дезертерот консултирале експерти за спиење.
Главниот проблем е што главниот експерт за спиење и крадење е токму Ковачевски.
Ковачевски кривично ќе одговара за злосторничко здружување и богатење преку трговија на влијание веднаш по ослободувањето на институциите и промена на власта.

извор: ВМРО ДПМНЕ