Нови 28 случаи на КОВИД-19, нема починати

Регистрирани се нови 28 случаи на КОВИД-19 од направени 278 тестирања, согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа. Оздравени се 39 пациенти и не се пријавени починати лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу нови заразени има во Скопје, 24, во Велес – 2 и во Куманово и во Гевгелија по еден случај. Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се седум реинфекции.

Од оздравените пациенти во Скопје се 22, во Прилеп – 5, Куманово – 4, Битола – 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ нема регистрирани починати лица.

МЗ