Војаџ раскина со ќерката на Харис Џиновиќ, тоа му пречеше на татко и’

Популарниот српски рапер Војаџ (21) и ќерката на босанскиот пејач Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ неодамна беа видени во јавноста како разменуваат нежности, а се шпекулираше дека започнале романтична врска. Се чини дека на таа врска брзо и дојде крајот.

Иако „Војаџ“ сè уште стои на приказната дека никогаш не биле заедно, извори за Курир велат поинаку.

 

Причината за нивното раскинување бил медиумскиот притисок, а поради медиумите за нивната наводна врска дознал таткото на Џина, кој воопшто не бил среќен поради врската.

– Почетокот на нивната врска беше навистина убав и многу се трудеа да се сокријат од очите на јавноста. Сепак, медиумите ги разоткрија и оттогаш почнаа проблемите. Војаџ и Џина се обидоа да ја одржат својата врска стабилна и покрај тоа што нејзиниот татко, пејачот Харис Џиновиќ не ја поддржуваше нивната љубов. Сето тоа функционираше кратко, постојано бараше Џина да раскине со Михајло, дека не и треба таков дечко. На крајот не можеа да го издржат притисокот на јавноста и нејзиниот татко, па раскинаа, но останаа во добри односи. Џина сега се посвети на колеџот, а Војаџ на деловните обврски – раскажува изворот за моменталната врска меѓу Војаџ и Џина.

Да потсетиме, Војаџ беше во центарот на медиумското внимание по раскинувањето со поранешната девојка Анѓела Игњатовиќ, попозната како Пич.

 

24sata.hr