Европскиот парламент одби да ги одобри сметките на Агенцијата за крајбрежна и гранична стража на ЕУ (фронтекс) и на Советот за 2020 година и притоа ги одобри тие на Европскиот економски и социјален комитет, јави дописникот на МИА од Стразбур.
За препораката на Комисијата за буџетска контрола да се одбие одобрувањето на Фронтекс, гласаа 345 европратеници гласаа, 284 гласаа против препораката и 8 беа воздржани.
Европратениците го критикуваат „обемот на сериозно недолично однесување“ на претходниот извршен директор на агенцијата, кој поднесе оставка на 28 април по објавувањето на извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Агенцијата не успеа да ги заштити основните права на мигрантите и барателите на азил и, наводно, била вмешана во незаконско враќање на најмалку 957 бегалци меѓу март 2020 година и септември 2021 година, вели Парламентот.
Пратениците, исто така, истакнаа дека се шокирани од самоубиството на вработен во Агенцијата, „во врска со наводните практики на сексуално вознемирување“, и забележуваат дека во рамките на „Агенцијата во 2020 година се пријавени 17 случаи на сексуално вознемирување, од кои 15 не добиле никаква разврска и биле класирани.
извор: МИА
фото: DW