Кадиевска Војновиќ: Имаме висока инфлација, граѓаните не знаат како да излезат на крај со високите цени, а најголемиот проблем е постоењето на оваа влада и како таа се однесува со кризата

Штрајкуваат вработените во ЈСП и ова е само еден вовед што ја чека Македонија во наредниот период и ако прашањето е во каква ситуација сме, би кажала дека во последниве неколку месеци сме пред во затишје пред бура. Зошто е тоа така, знаеме дека имаме висока инфлација, веќе граѓаните не само што ја чувствуваат туку и не знаат како да излезат на крај со високите цени, особено на прехранбените производи, само лебот е поскапен за 50% за една година, да не зборувам за останатите основни производи, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија,  Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека инфлацијата постои, постои и енергетската криза и меѓутоа за жал најголемиот шок што се случува моментално во Македонија е постоењето на оваа влада, односно како оваа влада менаџира, делува и како се справува со кризата.

– Јас би кажала дека оваа ситуација во која сме денес, влече корени од ковид кризата, како реагираше владата на тоа и зошто не реагира сега соодветно. Ковид-19 беше голем шок и предизвика здравствена и економска криза, и тогаш меѓународните институции викаа трошете пари за здравство, а владата ја фати паника. Имаше некакви пакети со мерки, но додека меѓународниот фактор викаше дека тие пари треба да се потрошат за здравствената криза, владата од сите пари кои не задолжи, вкупен долг од милијарда и 600 милиони, потроши само 25% за мерките. Останатото  во најголем дел тие не престанаа да вработуваат партиски војници во јавна администрација, реча Кадиевска Војновиќ.

Таа посочи дека во последниве години од 2019, според завод за статистика имаат такви над 30.000 лица вп момент кога крвареше здравствениот систем, кога беа затворени капацитетите, владата вработуваше партиски војници.

– Тоа е важно затоа што масата на плати за нив се качи за 100 милиони евра и доаѓаме до прашањето каде се парите сега за мерки. Таму се. 100 милиони евра секоја година во буџетот на тие претходно што беа за да се плаќаат тие. Тоа не е одговорно, не е домаќинско трошење на јавните финансии, истакна Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ потенцираше дека неодамна излезе извештајот на ЕК и една од забелешки е дека фискалната недисциплина, трошеа за се, ама не за здравствен сектор и сега има неисплатени обврски.

– Здравствените институции пливаат во долгови, не се платени сите медицински потреби за кризата кон приватниот сектор. Затоа и оваа година влече опашки оттогаш. Сега сме доведени во ситуација да немаме пари. Речиси 30% од буџетот се троши за трансфери до ПИОМ, голем процент се платите на јавна администрација и трошење за стоки и услуги, минатата година историски највисока сума за тоа, изјави Кадиевска Војновиќ.

 

извор:  ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ